Деркоски: Се прави увид за просторните можности на гласачките места за заштита на гласачите

51

Десетина отсто од 142-те избирачки места во Прилеп ќе ја променат просторијата каде ќе се врши гласањето на 15 јули за да се запазат мерките на заштита. Ова го вели претседателот на ДИК Оливер Деркоски кој денеска беше на терен во Прилеп за увид на избирачките места. Со последната владина уредба, Комисијата има право да ја промени просторијата за гласањето, ако не се запазуваат мерките за заштита.

Според Деркоски увидот на избирачките места ќе биде до четврток кога ќе се знае каде ќе се променат просториите за гласање.

„Описот на избирчките места останува. Ќе се промени локалцијата на просторијата за гласањето со цел да се задоволат мерките и протоколите за заштита на гласачите. Се преферираат простории во училиштата каде има поголеми училници и спортските сали за да не се дозволи гласање во мал простор. До четврток ќе ја знаеме целата ситуација на теренот. Инаку, од 10 до 20 насто на гласачките места во земјава, се смета, дека ќе се променат просториите за гласање“, вели Деркоски.

Утре започнува изборната кампања за 10-тите парламентарни избори. Граѓаните сакаат фер кампања која ќе се одвива, главно, преку медиумите и преку Интернет. Граѓаните, според искуството, зајакнато со стресната ситуација поради пандемијата, велат дека ќе има, за жал, кампања со агресија, дискредитација што не помага во процесот. Добро е што, велат, ќе нема митинзи кои прават штети кај гласачите. За помладите пораките преку интернет ќе стигнат, за повозрасните тука се телевизиите. Но најбитно е, сметаат да се испратат пораки за програми што нудат политичките субјекти.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.