5.8 C
Skopje
сабота, април 20, 2024

Деркоски: За 22 дена не е возможно да се организираат избори

Претседателот на Државната изборна комисија, Оливер Деркоски во изјава за Инфомакс потенцираше дека за 22 дена не е возможно да се организираат предвремени парламентарни избори.

„Јас можам само да го повторам ставот на Комисијата кој го доставивме до Претседателот на државата каде што јасно кажавме дека за некои 22 дена кои постојано се споменуваат низ медиумите, а никаде не ги пишува, не е возможно да се организираат избори, а посебно во услови на ваквата пандемиска криза каде што гледаме дека се заостструва секој ден таа криза и каде што е јасно дека и на Комисијата ќе и треба повеќе време и ресурси за организација на тие избори“, вели Деркоски.

Покрај техничките аспекти, првиот човек на ДИК ги потенција и легалните аспекти, како ажурирањето на избирачкиот список, а според неко проблем е и здравствениот. Деркоски посочува дека дека ДИК сѐ уште нема добиено официјален здравствен протокол за денот на изборите и водењето на кампањата.

„Јасно е дека освен легалниот аспект, ажурирање на избирачкиот список, активно, пасивно избираќко право кое треба да се заштити односно да им се даде можност на граѓани9те да имаат правна заштита тука и здравствениот аспект за кој е потребно време. Ние можеме да направиме напори да обезбедиме организација на тие избори и го правиме тоа меѓутоа се уште не сме добиле официјален протокол од здравствените власти за денот на изборите, деновите пред тоа и после тоа“, вели Деркоски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ВЕСТИ

КАЗИНО „ФЛАМИНГО“ ХОТЕЛ ГЕВГЕЛИЈА ДОНИРАШЕ МЕДИЦИНСКА ОПРЕМА ВО ВКУПНА ВРЕДНОСТ ОД 20.000 ЕВРА НА ОПШТА КЛИНИЧКА БОЛНИЦА ВО ГЕВГЕЛИЈА

ВЕСТИ

НЕОФИЦИЈАЛНО: Денеска над 140 новозаразени, Заев распишува избори

ВЕСТИ

Советничка група на ВМРО ДПМНЕ: Шилегов наместо да ги чисти, неконтролирано ги зголемува дивите депонии

ВЕСТИ

Разговор Мицкоски – Јанша: Тим од врвни доктори од Словенија ќе ни помогаат во справување со коронавирусот

ВЕСТИ

Д-р. Јовчески: Глумењето нормализација води кон зголемување на заразата

ВЕСТИ

Арсовска: Олигархијата си стави олигарх да одлучува за предлог-мерки за финансиска помош

ВЕСТИ

Во изолација 231 лице, 1022 прекршувања за неносење маска