Деркоски за новите правила: Некои луѓе не можат да си ги сменат навиките, па додаваат масло на огнот

Спроведувањето на изборите со новите протоколи, донесени од Комисијата за заразни болести, ќе биде тешко, рече во вечерашната „Топ тема“ претседателот на Држвната изборна комисија Оливер Деркоски.

„Некои луѓе не можат да ги сменат навиките, па додаваат масло на огнот. Не е коректно менување на одредени правила во 5 до 12. Веројатно повторно ќе прочитаме во некој од наредните извештаи на ОДИХР дека постојано ги менуваме изборните правила во несоодветен временски рок. Најмалку една година пред изборите не треба да се менуваат изборните правила, стои во извештајот“, вели Деркоски.

Повтори дека во секој случај ДИК ќе стори сè за овие избори да се спроведат без проблеми.

„Работиме да обезбедиме што повеќе избирачки места со поголем простор за изведување на гласањето. Скоро 3.000 избирачки места ќе бидат соодветни за изборите, а работиме на обезбедување и на други простории“, изјави Деркоски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.