Дерковски: Не отстапувам од соопштените резултати

Jас не отстапувам од тоа што вчера го соопштивме како конечни неофицијални резултати од изборите, рече претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Оливер Дерковски, на вечерашното гостување на Алфа.

– Комисијата ќе одлучуца за приговорите, бидејќи тоа е нејзина надлежност. Сепак, јас ќе кажам дека не отстапувам од тоа што вчера го соопштивме како конечни неофицијални резултати – рече Дерковски.

За обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ од каде што бараат повторно броење на гласовите, тој истакна дека сите политички партии ги имаат записниците со резултатите од секое избирачко место, па на тој начин, како што појасни, ги знаат точните бројки.

– Записникот најпрво оди кај член на Избирачкиот одбор, односно кај претставникот на политичката партија, каде што сите бројат и сите го утврдуваат резултатот. На крајот сите го потпишуваат и сите добиваат примерок. Тоа значи дека сите ги имаат тие записници и сите ги знаат бројките – рече Дерковски.