Дерковски: Уредбата на Владата го дерогира Изборниот законик

 За да ги организираме изборните дејства потребни ни се најмалку 35 дена. Правната логика, но и правната пракса ни вели дека кога ќе престанат условите за вонредна состојба, стапуваат во сила нормалните позитивни законски прописи, изјави за ТВ Канал 5 Оливер Дерковски, претседателот на Државната изборна комисија по вчерашната владина Уредба со која се задолжуваат Министерството за внатрешни работи, Државниот завод за статистика и ДИК да продолжат со предизборните подготовки.
Дерковски повторни дека се потребни минимум 35 дена за организирање на сите изборни дејства.

Тој предупредува дека администрацијата ќе ги напуштела одборите поради страв од коронавирусот. „Речиси секојдневно кај мене се јавуваат членови на избирачките одбори, а ќе ги известат и општинските изборни комисии. Тој проблем не може да се игнорира. Што се однесува до Уредбата, во Изборниот законик е предвидена посебна методологија за прочистување на избирачкиот список. Не може Изборниот законик да се дерогира со владина уредба. Не можеме новите гласачи кои наполниле 18 години само да ги прикачиме на избирачкиот список. Исто така треба да се знае дека не постои такво нешто кое владата го нарекува замрзнување на изборните дејства”, изјави Дерковски.