Дерматолозите кои биле на симпозиум со заразената директорка сами одлучиле да одат во домашен карантин

Дераматолозите кои во саботата биле на симпозиум во скопски ресторан со посочената докторска заразена со коронавирус Нина Цаца Биљановска, донеле заедничка одлука да се стават во домашен карантин и да не работат со пациенти, бидејќи сите зборувале на ист микрофон и си го подавале еден на друг, секој по збор, дознаваме од нивни колеги.

Да потсетиме дека таа ги почитувала препораките на Министерството за здравство и пред една седмица  допатувала од Италија, каде што се заразила со коронавирус. Ова денеска го соопшти на вонредна прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.

Министерот Филипче на прес-конференцијата рече:

„Практично таа по враќањето од Италија пет работни дена одела на работа, а земајќи го предвид овој факт исклучително внимателно пристапуваме кон мерките на клиниката за кожни болести“.

Според него, Нина по враќањето во земјава, на Клиниката немала денови во амбуланта, односно немала контакт со пациенти, што според министерот е мала олеснителна околност.

По извршените проверки на Клиниката ќе се одлучува дали целиот оддел ќе биде затворен, пациентите испратени на домашно лекување, а вработените во самоизолација.

„Нејзината состојба е иста како и на двајцата сопружници, стабилна, додека состојбата на првозаболената е целосно стабилизирана, во текот на денот ќе се одлучи дали ќе биде пуштена од болница“, рече во продолжение Филипче.

Целата екипа на Институтот од јавно здравје прави проверка на сите кои соработувале со неа, вработени и пациенти.