Десет црногорски морнари под надзор на FBI на брод на кој беа запленети 16 тони кокаин

Агенти на американското Федерално биро за истраги (FBI) го ограничиле движењето на десет црногорски државјани на брод „MSC Gajan“ во Филаделфија, каде беа запленети 16 тони кокаин, откако освен четворицата уапсени, забрана за напуштање на бродот добија и другите морнари од Црна Гора.

Црногорски медиуми јавија дека дека на некои од нив им е дозволено да контактираат со своите семејства.

Од Бирото засега нема обвинение за шверцот на 16-те тони кокаин, но тие биле испрашувани во истрагата, а примероци на ДНК биле земени од нив. Нивниот статус ќе биде познат по вештачење за наркотици.

Медиумите тврдат дека меѓу членовите на екипажот се најбројни црногорски државјани и тоа го потврдува дпкументот на FBI во кој увид имале од весникот Дан.

Американските агенти вршат проверка на околу 6.000 контејнери, од кои 500 требало да бидат испорачани во холандското пристаниште Ротердам, бидејќи се сомневаат дека дрогата освен за америкснакиот била наменета и за францускиот и холандскиот нарко-пазар. Вредноста на кокаинот се проценува на околу милијарда долари.