Десет демонстранти и тројца војници се повредени при судирите во Киев

За време на судирите меѓу демонстрантите и силите за безбедност пред украинскиот Парламент во Киев се повредени 10 демонстранти, од кои еден е со откината рака, пренесе изданието „Лига“.

Повеќето од повредените се со повреди во пределот на главата, а две жени се здобиле со рани од гумени куршуми.

Според руската агенција „Интерфакс“ во судирите се повредени тројца војници од внатрешната војска. Војниците се повредени откако демонстрантите се обиделе да го пробијат полицискиот кордон и да стигнат до Врховната Рада.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.