Десет кандидати се пријавија за наследник на Тереза Меј

Десет кандидати ќе учествуваат во трката за наследник на Тереза Меј на чело на владејачката Конзервативна партија и воедно на британската влада, објави во понеделникот вечерта партиската парламентарна група.

Меѓу кандидатите главни фаворити се поранешниот министер за надворешни работи Борис Џонсон, неговиот наследник Џереми Хант, министерот за природна средина Мајкл Гоув, поранешниот министер за брегзитот Доминик Рааб, министерот за здравство Мет Хенкок и министерот за внатрешни работи Саџид Џавид.

Во траката се и министерот за меѓународен развој Рори Стјуар, поранешната минситерка за труд Естер Мејвеј, поранешната шефица на одделот за координација со Долниот дом на парламентот, Андреа Лидсон и конзервативниот пратеник Марк Харпер.

Првиот кгуг од гласањето меѓу конзервативните пратеници ќе се одржи веќе во четврток, сѐ додека изборот не се стесни ја двајца кандидати од кои претседателот ќе го избираат сите членови на партијата, околу 120 илјади.

Британија би требало да излезе од ЕУ до 31-ви октовмри, откако претходно двапати беше преместуван првиот датум на 29-ти март, а условите за раздружувањето ќе биде едно од клучните прашања во трката за челник на Конзервативната партија. Џонсон притоа има поцврст став отколку Гоув и Хант, тврдејќи дека ќе ја изведе Британија без договор, како и дека ќе одбие да ја плати „сметката за разводот“ во износ од 39 милијарди фунти, доколку ЕУ не понуди подобри услови.

Гоув и министерот за надворешни работи Џереми Хант официјално во понеделникот ги започнаа своите кампањи, и се смета дека се главните конкуренти на Џонсон. Меѓутоа, кампањата на Гоув потона преку викендот кога призна дека земал кокаин неколкупати додека работел како новинар пред 20 години. Хант во меѓувреме, обидувајќи се да ги нагласи своите преговарачки вештини, изјави дека германската канцеларка Ангела Меркел му кажала дека ЕУ ќе биде „подготвена на нови преговори“ за договорот за брегзитот со новиот британски челник.

Тереза Меј поднесе оставка на чело на Конзервативната партија откако таа во петокот и официјално ја поднесе најавената оставка поради неуспехот да ги убеди британските пратеници да го прифатат нејзиниот план договорен со Брисел за истапувањето на Обединетото Кралство од Европската унија. Меј на премиерската позиција ќе остане додека не се добие нејзиниот заменик, a тоа може да потрае и до два месеца.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.