Десет конфекциски работнички во тешка состојба, направена итна имунизација на терен

193

Новозаболените од морбили се конфекциски работници од иста фирма. Се работи за десет нови случаи, а на инфективното одделение во штипската клиничка болница хоспитализирани се оние со потешка клиничка слика, објави во саботата телевизијата Сител.

За спречување на ширење на заразата, епидемиолозите на лице место имунизирале 37 работници од истата конфекција.

Сепак, постои ризик бројот на заболени да се зголеми, зашто работници од различни конфекции на работните места се превезуваат со исти автобуси, но и затоа што заболените имале контакти со членови на семејства, се истакнува во прилогот

Пред две седмици беше хоспитализирано шестчлено семејство од штипско Карбинци. Затоа епидемилозите велат дека будно ќе ја следат состојбата со ширењето на заразата. Од февруари, кога беа регситрирани првите два случаи на заболени од морбили, па до денес, во штипската клиничка болница се регистрирани вкупно 20 случаи, сите од Штипско-карбинскиот регион

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.