Десет лица починаа, 1.171 нов случај на ковид-19

Во последните 24 часа, од 7.932 тестирања регистриран е 1.171 нов случај на ковид-19, а шест лица починаа.

Скопје – 641, Битола – 134, Охрид – 54, Прилеп – 48, Куманово – 39, Кавадарци – 34, Штип – 33, Гостивар – 26, Струмица – 23, Тетово – 21, Велес – 20, Крушево – 16, Кочани – 14, Гевгелија – 13, Кичево и Струга – по 8, Крива Паланка и Ресен – по 6, Виница – 5, Неготино и Пробиштип – по 4, Свети Николе и Берово – по 3, Демир Хисар и Дојран – по 2, Валандово, Кратово, Богданци, и Македонски Брод – по 1.

Регистрирани сe 204 оздравени пациенти од: Скопје – 120, Битола – 23, Гевгелија – 9, Ресен – 8, Прилеп и Кочани – по 6, Кавадарци и Велес – по 5, Куманово, Струга и Македонски Брод – по 4, Охрид – 3, Штип – 2, Струмица, Кичево, Неготино, Свети Николе и Богданци – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 6 починати лица:  4 починати лица од Скопје (69г, 77г, 84г и 91г) и по едно починато лице од Битола (78г) и Валандово (77г). Пријавените лица се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој термин, пријавени се 4 лица, по едно лице од Кичево, Гостивар, Тетово и Куманово, починати во период од 16.12.2021 до 05.01.2022г. Починатите се на возраст од 48 години до 83 години. Од пријавените 2 лица се починати во болнички услови и 2 во домашни услови.

Направени се 7.932 тестови преку: ИЈЗ-288, ЦЈЗ Скопје-58, ЦЈЗ Битола-127, ЦЈЗ Прилеп-81, ЦЈЗ Тетово–14, ЦЈЗ Куманово-153, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –3, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–193, Жан Митрев (Филип Втори)-296, Авицена-231, Биотек-293, Систина-208, лабораторија Лаор-822, Синлаб-0, Ремедика-0, Плодност-200, Генеа-19, Никоб лаб-966, ВФВ Медикал-152, Ели Медика-173, Ројал Медика–187, Спектра-ММ-0, Рапид Лаб–37, Жан Митрев Струмица–106, Нова Лаб Дијагностика–0, Рамус-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 3.325.

Досега во земјата се направени вкупно 1.641.868 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 231.436, бројот на оздравени пациенти е 214.258, на починати е 8.012, а бројот на активни случаи изнесува 9.166.