Десет лица застрелани во американски Сан Бернардино, тројца критично

Десетна луѓе, меѓу кои биле и деца, се застрелани во станбен комплекс во Сан Бернардино во американската сојузна држава Калифорнија ноќта кон понеделникот по локално време, објави полицијата додавајќи дека тројца од повредените се во критична состојба,

„Добивме повик околи 22,45 часот (по локално време) дека се слушнале истрeли… Пронајдовме на местото десет жртви. Три се во критична состојба“, иsјави портпаролот на полицијата во Сан Бернандино, Ричард Лејвхед.

Пукањето се случило во заедничкиот дел од станбен комплекс кој има повеќе од сто станови, а во кој навечер се собирале станарите и жители од околината, додаде полицијата.

Во понеделникот утерото уште нема осомничено лице, како ниту мотив за пукањето. На местото на инцидентот не е пронајдено никакво оружје.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.