Десет починати и над 500 новозаразени со коронавирусот во Косово

Во последните 24 часа косовските здравствени власти потведиле 521 нов случај на инфекција со коронавирусот и уште десет смртни исходи поврзани со Covid-19, пренесуваат во вторникот приштинските медиуми.

Со тоа, бројот на починатите од почетокот на епидемијата во Косово се зголеми на вкупно 1.026 лица.

Според последниот извештај на Националниот институт за јавно здравство на Косово, регистриран е уште 521 новозаболен, со што бројката лица кај кои е откриен вирусот се искачи на 40.117. Од нив, вклучително вчерашните 585 излекувани, болеста досега ја совладале 25.586 лица.

Официјално, според последните податоци, во земјата во моментов има 13.579 активни случаи на заразата.

Вчера се извршени 1.375, а вкупно досега 145.363 тестирања со методот РТ-ПЦР.