Десет пратеници на Државната дума во карантин заради коронавирусот

Неколку пратеници на Долниот дом на рускиот Парламент се наоѓаат во карантин заради сомненија за коронавирус, изјави денеска претседателот на Државната дума Вјачеслав Володин.

Претседателот на одборот на Државната дума за контрола и прописи Олга Савастјанова изјави дека во карантин се десет пратеници.

Пратениците, од кои неколку се од владеачката партија Единствена Русија, биле во контакт со пратеникот на Либерално-демократската партија на Русија, Сергеј Катасонов, кој претходно, по враќањето од Франција, не го почитувал правилото за престој во карантин, за потоа да изјави дека бил негативен на тестот за коронавирус.

– Некои наши пратеници се сместени во карантин по грешката на нашиот колега (Сергеј Катасонов) кој ги игнорирал правилата, изјави Володин на пленарната седница на Думата, пренесува Тасс.

Според податоците на работната група за борба против коронавирусот во Русија досега се заразени 93 лица.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.