Десет симптоми на рак на јајници – не ги занемарувајте

Затоа што ги занемаруваат сите симптоми, на жените во 80 отсто од случаите им се случува ракот да им биде дијагностициран дури откако ќе достигне напредна фаза. Затоа мошне е важно да не ги занемарувате овие 10 симптоми:

Чести болки во грбот

Ако сте сигурни дека не страдате од остеопороза или артритис, тогаш овие болки може да бидат сериозен симптом на рак на јајниците.

Болки во стомакот и во карличниот предел

Нередовни циклуси

Статистички, жените постари од 55 години имаат висок ризик од рак на јајниците. Сепак тоа не мора секогаш да биде така. Ракот може да се јави и кај помлади девојки, што сеуште не го добиле првиот циклус.

zamor-1

Замор и честа исцрпеност

Недостаток на воздух, мачнина и губење на апетитот, екстремен замор. Ова може да бидат сериозни знаци дека пациентката се наоѓа во некој стадиум на рак на јајниците. Повеќе од 80 отсто од жените доживуваат барем еден од овие симптоми, пред да им биде дијагностициран рак.

Брзо се заситувате

Брзото заситување е еден од четирите најзначајни и најчести симптоми на ракот на јајниците. Овој симптом мошне лесно би можеле да го замените со симптомите на проблемите со варењето, но немојте да се залажувате!

Болки за време на полов однос

Болките за време на секс може да бидат уште еден показател дека сте во ран стадиум на рак на јајниците. Тоа се однесува на болките и притисокот во подрачјето на карлицата и зачестена и итна потреба за мокрење. Без разлика дали станува збор за поголема или помала болка, најдобро е колку можете побрзо да се консултирате со вашиот гинеколог.

Повраќање

Според гинекологот…

Според гинекологот Џефри Штерн во одредени случаи кај заболени од рак на јајници, често доаѓа до запушување на цревата, што предизвикува мачнина, болки во стомакот и губење на тежината.

Подуен стомак

Доколку стомакот ви се дува така што се чувствувате како да сте бремена, тоа може да биде сериозен знак дека сте во опасност.

Претеран раст на косата и темни влакна

kosa-dolga

Иако ова обично не се смета за симптом на ракот, но ова е дефинитивно нешто што не треба да го занемарувате. Меѓутоа, некои жени го доживуваат сосема спротивното – губење на косата.

Чест затвор

Подрачјето на стомакот и дигестивниот тракт се подрачја што најчесто се погодени од рак, посебно во раните фази. Заедно со болката во подрачјето на желудникот, останатите симптоми може да вклучуваат проблеми со варење, губење на апетитот и гасови.