Десет свештеници паднале од балкон при тепачка во Грузија

Десет лица паднаа од балкон на вториот кат, при што шестмина се повредени за време на тепачката во епархијата Чкондид во Мартвили, Грузија, јави телевизијата Рустави2.

Грузиското Министерство за внатрешни работи започна истрага за инцидентот.

Според телевизијата, состанокот зад затворени врати, кој го водел новиот митрополит Стефан, прераснал во тепачка, на која претходела кавга меѓу свештенството.

Новиот митрополит на Чкондид и Марвили, владиката Стефан, го суспендираше ракополагањето на двајца ѓакони во првосвештеници, по што избија судири меѓу епархиските власти. Следувала расправија меѓу свештенството и верниците, кои се обидувале насилно да влезат во просторијата каде бил состанокот, по што борбата се префрлила на балконот на вториот кат од зградата. Таму, под притисок, дрвените огради попуштија и се урнаа, а десет лица паднаа. Меѓу нив има новинари и оператори на грузиски телевизиски компании. Повредените се хоспитализирани и ниту еден од нив не е во животно загрозувачка состојба.