Десет трикови кои трговците ги користат за да ги намамат купувачите

142

Дали досега Ви се случило да купите нешто што не сте го планирале?- Има објаснување и за тоа. Според „Бизнис Инсајдер“ трговците имаат неколку трикови со кои полесно ги намамуваат купувачите да се фатат за паричникот.

1. „Распродажба“ – Овој знак напишан со големи букви многу често ги полни продавниците со купувачи, кои купуваат се’, освен производи кои се на попуст.

2. Количка за шопинг – Ова е еден од најголемите изуми, откриен во 30-тите години на минатиот век. Во нив собира голем број на производи и артикли, а тоа значи дека купувачите ќе потрошат повеќе пари.

3. Пријатен мирис – Одделите во супермаркетите со свежи печива и цвеќиња секогаш поставени во близина на влезната врата, така што ќе ги пресретнат купувачите додека количката уште им е празна, а тие полни со елан за трошење.

4. Скриени производи – Менаџерите на супермаркетите намерно ги кријат млечните производи, па така купувачите мора да поминат низ полици додека ги најдат, а додека шетаат купуваат и производи што не им се на списокот.

5. На десно- Повеќето продавници ги насочуваат клиенти од десно кон лево. Во повеќето земји, возачите во сообраќајот возат на десната страна и е поверојатно да ќе купат производи со десната рака.

6. Производите во линија со очите- Работи во продавниците кои трговиците сакаат да ги купите се поставени на висината на вашите очи. Најинтересните предмети се поставени на крајот на редот, за да се осигураат дека ќе ја погледнете целата полица. Истото е и со производите наменети за деца, тие секогаш се поставени пониско на рафтовите на полиците.

7. Штандови за дегустација- Тие секогаш се поставуваат за да ги забават купувачите и да ги намамат да купат нов производ.

8. Производи на дофат на раката – Трговиците веруваат дека купувачите го купуваат она што можат самите да го дофатат, па затоа секогаш ги редат производите на дофат на потрошувачите.

9. Боите ги мамат купувачите- Јаки и топпли бои, како црвена, портокалова и жолта секогаш ги привлекуваат купувачите, додека сина, зелена и кафена ги тераат да потрошат повеќе пари.

10. Класична музика – Еден од триковите на трговците е пуштањето на класична музика во маркетите, бидејќи таа влијае на купувачите да купуваат поскапи артикли.

Меѓи другите трикови на трговците се и сезонските попусти како „најниска цена само кај нас“ и купони за артикли и награди.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.