Десет ученици повредени при напад во гимназија во Турција

Десет ученици се повредени попладнево кога група непознати лица вооружени со ножеви извршија напад врз присутните во една гимназија во југоисточниот турски округ Батман, јави ТАСС.

Повредените ученици, кои се на возраст од 14 и 15 години, според телевизијата НТВ, се вон животна опасност.

Веднаш по инцидентот сите напаѓачи успеала да побегнат.

Турската полицијата започна истрага за нападот.