Десет загинати во автобуска несреќа кај Славонски Брод

Најмлаку десет лица загинале, според најновите информации во врска со страшната несреќа којашто во недела утрото се случила на автопатот Славонски Брод – Загреб, во близина на наплатната рампа во Славонски Брод.

Порталот „24SATA“ јавува дека автобусот, бил со косовски таблички, а засега неофицијално загинати се 10 лица, додека 30 се пренесени во болница.

„Во 6:22 часот примивме дојави за слетување на автобус. Се работи за автобус со косовски таблици. Увидот е во тек. Засега не можеме да дадеме повеќе информации. Повеќе од 30 се повредени“, рече началникот на полицијата на Славонски Брод, Иван Галиќ, пренесува „24САТА“.

Прво од одрдени медиуми во Хрватска имаше информација дека автобусот бил со македонски регистарски таблички. „Jutarnji“, кој прв објави дека е македонски автобусот, потоа смени во „автобус со странски национални ознаки“.