Десет загинати во сообраќајната несреќа кај Ласкарци

247

Десет лица загинале во автобуската несреќа којашто се случи во средата попладнето на излезот од Скопје кон Тетово, кај селото Ласкарци по Карпалак.

Оваа бројка е според првичните неофицијални информации од екипите на терен, кои ги извлекуваа настраданите. Само во болницата „8-ми Септември“ досега се пренесени 35 повредени, објави Сител.

Претходно беше потврдено за четири жртви и тројца повредени во животно загрозувачка состојба

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.