Десет загинати во терористички напад во Буркина Фасо

Десет луѓе се убиени во напад на северот од Буркина Фасо, пренесува во неделата AFP повикувајќи се на извор во безбедносните служби.

Според нивните информации, група вооружени мажи во неделата утрото по локално време нападнале село во северниот дел од државата, при што биле убиени десет лица, а уште две се тешко повредени. Соговорниците на агенцијата објасниле дека нападот се третира како терористички чин.

Од 2015 година северните области на Буркина Фасо честопати се цел на напди на радикални исламисти. Во последниот период вооружените екстремисти ги зачестија нападите и во западните и источните делови на земјата, во близина на границиет со Бенин и Того.

Како одговор на интензивирањето на активностите на милитантните, војската на Буркина Фасо изведува операции во потрага и уништување на терористичките кампови.