Десет жртви на протестите во Ирак во последните 24 часа

Десет лица ги загубиле животите во последното деноноќие во текот на продолжените антивладини протести во Ирак, меѓу кои се и четворица членови на акипа на брзата помош, рекол во четвртокот извор од безбедносните служби.

„Десет лица загинаа во изминатите 24 часа ширум Ирак, а меѓу нив четворица службеници на брзата помош. Седуммина загинале во текот на протестите на плоштадот Тахрир“ во центарот на Багдад, рекол неименуваниот ирачки функцуонер за агенцијата РИА.

Истовремено во четвртокот агенцијата Reuters повикувајќи се на полициски и болнички извори објави дека полицијата употребила боева миниција за растурање на демонстрантите во Багдад, при што загинале четири лица.

Според агенцијата, судирот меѓу демонстрантите и безбедносните сили се сличил на мостот Ал-Шухад, кој се наоѓа недалеку од центарот на ирачката престолнина. Повеќе од 35 демонстранти биле повредени во овој инцидент.

Претходно во четвртокот телевизијата Sky News Arabiya пренесе дека демонстрантите се обидувале да го блокираат споменатиот мост, а безбедносните сили настојувале да ги спречат во намерата.

Од 1-ви октомври во низа регионо ширум Ирак започнаа протести против влошените животни услови, растот на невработеноста и ендемската корупција на политичките елити. На протестите во Багдад, како и во јужните и северните покраина, демонстрантите бараа оставка од владата. Но набрзо првично мирните протести ексалираа во судири со полицијата и војската. По кусото затишје, протестите и безредијата продолжија, како во главниот град, така во голем број провинции во централниот и јужниот дел на земјата. Во текот судирите досега загинале најмалку 260 луѓе и уште повеќе од 11.000 се повредени.