Десетици цивилни жртви во Сирија во воздушен напад на меѓународната коалиција

Најмалку 70 цивили загинаа или се ранети во воздушен напад на меѓународната коалиција предводена од САД врз бегалски камп во селото Багуз, јавува сириската државна телевизија повикувајќи се на локални извори.

Претходно медиумите јавија за 20 загинат во бомбардирањерто на споменатото село се наоѓа на југоистокот од земјата, во покраината Деир-ез-Зор, кон границата со Ирак.

Државната телевизија Ikhbariya пренесува дека многу цивили живи изгореле во автомобили и возила, обидувајќи се да се спасат од терористите.

Минатата сабота арапско-курската коалиција Сириски демократски сили (SDF) објавија почеток на операцијата за чистење од припаднциите на џихадистичката организација Исламска држава на последните, според нив, села во Сирија.

Силите на SDF дејствуваат со воздушна поддршка на меѓународна коалиција предводена од САД, а официјален Дамаск изминатите години често обвинуваше дека во нивните операции масовно страда цивилното население.