Десетици илјади протестираа во Прага против чешката влада, ЕУ и НАТО

Околу 70.000 луѓе според процените на полицијата а над 100.000 според процените на организаторите, приврзаници и на крајната левица и на крајната десница, протестираа во Прага протестираа против чешката влада во саботата, повикувајќи ја владејачката коалиција да стори повеќе за контрола на зголемените цени на енергијата и изразувајќи противење не Европската унија и НАТО, пренесе Reuters.

На протестот под слоганот „Чешка на првото место!“, покрај оставка на владата, беше барано и намалување на ДДВ-то и на даноците, како и укинување на санкциите против Русија, коишто според организаторите довеле до пропаѓање на стотици чешки претприемачи и губења на работните места, а се бараше и враќање на набавките на поевтиниот руски гаса. Според весникот Novinky.cz, демонстрантите ги повикаа властите за заземат неутрална позиција во однос на војната во Украина.

„На Чешка ѝ е потребна чешка влада. Не украинска, не бриселска, туку чешка. Владата на Фиала дефинитивно не е чешка“, изјавила на протестот Зузана Мајерова- Заградникова, една од лидерите на чешката опозиција.

Додала дека владата во Прага треба веднаш да престане да го вооружува Киев бидејќи тоа „не е наша војна“, како и да се грижи за безбедноста и благосостојбата на граѓаните на Чешка. Друг претставник на опозицијата предупредил дека доколку цените на гасот и струјата растат исто толку како во моментов, чешката економија на крајот од есента ќе пропадне.

Меѓу масата собрана на централниот прашки плоштад Венцеслас, биле и приврзаници на антимигрантската партија Слобода и директна демократија и на Комунистичката партија на Чешка, пренесуваат медиумите.

Демонстрантите бараа оставка од актуелната коалициска влада, којашто претходно седмицава со големо мнозинство го преживеа гласањето за доверба во парламентот, а која ја води конзервативниот премие Петер Фиала, критикувајќи за бројни проблеми во општеството, вклучително и политиката ориентирана кон Западот.

Ја осудија владата поради нејзината поддршка на санкциите против Русија поради нејзината војна во Украина и ја обвинија дека е неспособна да се фати во костец со скокот на цените на енергијата. Демонстрантите, исто така, го критикуваа планот на НАТО и на ЕУ, за намалување на емисиите на стакленичките гасови и постигнување ткн климатска неутралност, што го сметаат за нова форма на колонијализам.

Премиерот Фиала во изјава во врска со протестот изјави дека секој има право да демонстрира, но ги обвини дека демонстрантите изразувале наводно проруски ставови „кои не се во интерес на Чешката Република и на нашите граѓани“.

Чешката влада е голем поддржувач на Украина во нејзината војна против Русија и испорачува големи количества оружје, вклучително и тешко вооружување, на украинската војска. Владата, исто така, најави дека ќе своја итен состанок на земјите од ЕУ, со којашто Чешка претседава до крајот на годината, за да се побара обединет пристап на 27-члениот блок кон енергетската криза.

Протестот се одржа помалку од едена седмица откако чешкиот министер за правда Павел Блажек во парламентот предупреди дека енергетската криза во Чешка и во целата ЕУ претставува ризик да се претвори во „револуција“. Според локалните медиуми, толкава маса луѓе во центарот на Прага не се собрала последните 30 години, по ткн „кадифено раздружување“ на некогашната комунистичка Чехословачка на двете сегашни земји членки на ЕУ и на НАТО.

Главното барање на демонстрантите е оставка на владата на премиерот Петер Фиала до 25-ти септември. Доколку тоа не се случи, предупредува опозицијата, тогаш според уставот на Чешка на 28-ми септември ќе биде организирани протести во целата земја и ќе биде повикано на граѓанска непослушност и акции за притисок врз власта да отстапи. Преговорите за тоа, како што тврдат организаторите на саботниот протест, веќе се одвиваат со синдикатите, претприемачите, трговците