Десетици илјади вооружени мигранти се подготвуваат да влезат во ЕУ

Повеќе од 20.000 вооружени со ладно оружје мигранти од земјите од Блискиот исток и од северна Африка се закануваат да се пробијат на територијата на Европската унија низ босанската и грватската граница во блиска иднина, пишува во неделата весникот Kronen Zeitung повикувајќи се на министерството за внатреши работи на Австрија.

Како што пишува весникот, иако на границата меѓу Босна и Херцеговина и Хрватска се рапсоредени специјални единици, ситуацијата станала многу сложена, бидејќи речиси сите мигранти кои сакаат да се пробијат низ границата се вооружени со ножеви.ж

„Нема повеќе цели семејства, речиси и да нема жени (меѓу мигрантите, 95 отсто од овие мигранти кои сакаат да се пробијат се млади луѓе, речиси сите се вооржени со ножеви. Веќе имаше случај кога еден од полицијаците ќе беше проподен“, ја цитира весникот информацијата од австриското министерство за внатрешни работи.

Притоа се напоменува дека меѓу мигрантите кои се концентрирани на споменатата граница нема бегалци од Сирија, и оти во масата претежно се луѓе кои доаѓаат од Пакистан, Иран, Алжир и Мароко. Според информациите на австрискот министерство, крајни дестинаци на мигрантите и Германија и скандинавските земји.

Парламентарната комисија на БиХ за одбрана и безбеднсот во април годинава објави дека очекува наплив од околу 50.000 мигранти коишто ќе се обидат да минат низ земјата на нивниот пат до богатите земји членки на ЕУ. Официјално ткн „западнобалканска рута“ на мигранти беше затворена во 2016 година, но наместо поранешната мигрантска патека која водеше иод Грција преку Македонија и Србија до Хрватска, сега мигрантите се обидуваа до ЕУ да стасаат преку Албанија, Црна Гора и Босна и Херцеговина.