Десетици команданти на ИД избегале од талибански затвор во Авганистан со помош на САД

204

Иранската новинска агенција Tasnim, повикувајќи се на сопствени извори, тврди дека пред две седмици 40 лидери на ултрарадикалното сунитско движење Исламска држава (ИД), со помош на американски војници успеале да побегнат од затвор во Авганистан, кој го контролирале борците на ривалското исламистичко движење Талибан.

Според информациите на агенцијата, „тајната операција на САД“ била изведена во покраината Багдис, во северозападниот дел од Авганистан. Оваа информација, додава агенцијата, ја потврдил заменикот на челникот на регионалниот совет на покраината Багдис, Абдула Афзали.

Во извештајот се додава дека 40-те влијателни членови на Исламската држава, сите од нив странци, биле пренесени со хеликоптери откако американските војници упаднале во затворот и ги убиле сите негови чувар

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.