Десетици повредени при попуштање на ескалатор во римското метро

Најмалку 24 руски навивачи се повредени и пренесени во болниците со различни степени на повреди, по падот на ескалаторот на станицата на подземната железница во италијанската престолнина Рим, пренесува агенцијата ANSA во вторникот вечерта.

„Очевици велат дека имало скокање и танцување на ексалаторот. Тука сме да разбереме што се случило. Им стоиме на располагање на повредените и нивните семејства“, изјавила римската градоначалника Вирџинија Раги, којашто пристигнала на плоштадот на Републиката.

Во несреќата во центрот на Рим, во близина на железничката станица Термини, едно лице е во критична состојба а седум се тешко повредени, изјави портпаролот на италијанската служб за цивилна заштита.

Станува збор за навувачите на московска ЦСКА којашто вечерва на римски „Олимпико“ се среќава во рамките од третото коло на Лигата на шампионите со Рома, а во италијанската престолнина пристигнале околу 1.500 Руси.