Десетици убиени во нови напади на „Боко харам“ во Нигерија

Десетици лица беа убиени во нови напади на нигериската исламистичка група „Боко харам“ во североисточниот дел на земјата, соопштија очевидци и полицијата, објави МИА.

Четириесет и три лица биле убиени во четири села во државата Борно, изјавија очевидци. „Боко харам“ уби најмалку 600 лица по стапувањето на должност на новиот нигериски претседател Мухамаду Бухари на 29 мај.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.