Десетици жртви во пукање на брана во Кенија

Напукнување на брана во Кенија по повеќето седмици обилни врнежи предизвика огромно разорувања и смртни случаи, изјави во четвртокот владин претставник, а локалната телевизија извести дека досега се принајдени 20 тела.

Браната пукна во Солаи, во округот Накуру, на 190 километри северозападно од кениската престолнина Најроби, во средата ноќта.

„Водата нанесе тешки разорувања и однесе човечки животи и домови. Димензиите на штетите допрва треба да се проценуваат“, изјави гувернерот на округот Ли Кинјауџи.
Приватната телевизиска станица KTN News извести дека досега се пронајдени 20 безживотни тела. Кенискиот Црвен крс, пак, преку социјалните мрежи објави дека се спасени 39 луѓе.

Кенија, како и другите земји во источна Африка, беше погодена од обилни дождови изминатите два месеца. Владата во средата соопшти дека поради временските непогоди од март досега смртно настрадале 132 лиа а раселени се 222.456 луѓе во 32 округа.