Десетина мртви во Италија, невреме ја погоди во Европа

Невремето кое во неделата ги зафати повеќето европски земји, особено Италија каде што загинаа десет лица, во вторникот десетици илјади домаќинства на континентот .

По петте жртви во понеделникот во Италија, уште едно лице го загубило животот во Венето, на североистокот од земјата, кога врз него се урнало дрво а во Јужен Тирол, на италијанскиот север, смртно настрадал пожарникар волонтер. Жена загинала во порој од кал и камење во нејзиниот дом во Трентино на северот од Италија, соопштија властите. Уште едно лице загинало летајќи со параглајдер во близина на Католика, на јадранскиот брег, кога удар на ветер го фрлил на карпите, според локалните медиуми. Тело на маж е извелено во вторникот од езерото Левико, на северот, извести противпожарната служба. Покрај, тоа, уште едно лице се води како исчезнато во морето во близина на Калабрија. Неговата јахта е најдена насукана во понеделникот. Телото е забележано во морето, но поради невремето спасувачите не можеле да дојдат до него.

Италијанските медиуми пренесуваат дека околу 170 туристи и вработени на хотел се отсечени на превојот Стелвио, на италијанско-швајцарската граница, на висина над 2.700 метри, поради обилните снежни врнежи. Во покраината Фурланија-Јулиска краина, на североистојкот од земјата, 23.000 луѓе се без електрична енергија, а на многу патни правци сообраќајот е во застој, објавија локалните власти.

Невремето ги зафати и италијанските соседни земји. Така во Австрија ветерот кој дувал со брзина од 100 километри на час ноќта кон вторникот го однел покривот на средновековното утврдување коешто се извишува над Салцбург. Малку појужно, во понеделник вечерта службата за цивилна заштита ги повикала околу петстотините жители на Мур да не излегуваат од домовите и да се качат на горните катови од куќите пред наглото растење на водостојот на реката којашто го оневозможува пристапот до селото.

Во Словенија, каде што од понеделникот на сила е црвениот метеоаларм, исчезнал едрач на даска, а во Хрватска е поплавенм пристанишниот град Рјека и во порекин се поголем број траетски линии кон и од јадранските острови. Во швајцарскиот кантон Тичино многу патишта се затворени за сообраќај поради поплави и одрони. Во Франција поради снегот кој падна во централниот масив отсечени се повеќе од 2.000 автомобили и без електрична енергија останале 195.000 домаќинства. На Корзика во вторникот 21.000 домаќинства биоле без струја, додека властите ги пресметуваат штетите од налетите на ветрот со брзина од 160 километри на час. Во Шпанија поради големиот снег во покраината Асторија е нарушен сообраќајот, а 4.700 домаќинства во вторникот немаат стрија, според тамошните власти. Во Чешка во вторникот утрото нарушен е железничкиот сообраќај, проади силниот ветер ког соборувал стебла, а околу 30.000 луѓе останале без снабдување со електрична енергија, објави операторот CEZ.