Десетина жени го обвинуваат Пласидо Доминго за сексуално вознемирување

Еден од најпознатите светски оперски тенори, 78-годишниот Пласидо Доминго, девет жени го обвинуваат за сексаулно вознемирување во текот на триесет години, пренесуваат американските медиуми.

Според нивните изјави со децении Доминго професионалнио ги казнувал жените, попречувајќи им да добијат улоги во опери и слични ангажмани, доколку одбивале да имаат сексуален однос со него. Ж

Информацијата прва ја објави агенцијата Associated Press. Според неа, Доминго кој е актуелен директор на операта во Лос Анџелес за сексуално вознемирување го обвинител осум пејачка и една танчарка. Една од нив тврди дека пејачот ја ставил својата рака под нејзиниот фустан, а уште три тврдат дека со сила ги љубел.

Наводно ицидентите се случувал во текот на неговата работа на водечките позиции во оперски куќи, а според изјавите на жените најчесто се одвивале во соблекувалните, хотелски соби или за време на деловни ручеци. Покрај споменатите девет жени, уште шест жени рекле за Associated Press дека Доминго бил премногу сексуално сугестивен.

Повеќе од триесет лица, меѓу кои танчарки, пејачки, музичарки во оркестри, работнички на сцената, учителки по пеење и една администраторка, рекле дека Доминго кон нив се однесувал недоличн, како и дека секогаш прогонувал млади жени.

Само една од деветте жени дозволила да ѝ биде објавено името. Станува збор за мецосопранистката Патрисија Вулф која со Пласидо Доминго пеела заедно во операта во Вашингтон. Другите сакале да останат анонимни.

Меѓутоа, Доминго ги негира сите наводи. Иако подетално не ги коментирал обвиненијата, ниту одоговорил на прашањето на Associated Press, дал кратка изјава.

„Длабоко се вознемирувачки ваквите изјави од неименувани поединц кои достигнуваа и до триесет години во минатото, а и вака претставени се целосно неточни. Болно е да се слуша дека некого сум вознемирил или придонел некој да се чувствува непријатно, без оглед на тоа кога тоа се случило и покрај моите најдобри намери. Сметам дека сите мои односи и врски секогаш се одвивале со согласност од двете страни. Сите оние кои ме познаваат или работеле со мене, знаат дека не сум некој кој намерно би повредил, навредил или посрамотел друг. Но свесен сум дека правилата на однесува денес се поинакви отколку некогаш. Благословен сум што имав кариера подолга од 50 нгодини и се придржувам до највисоките стандарди“, се наведува во изјавата на Доминго.

Една од анонимните жени кои тврдат дека сексуално ги вознемирил ијавила дека „Она што го работеше е погрешно. Ја користеше својата моќ, ги следеше жените, ставајќи ги во позиција во која биле изразено ранливи. Жени се откажувале од кариерите или едноставно биле избришани, бидејќи илиго профатиле или го одбиле неговото додворување“, рекла.