Десеткуваниот Шахтјор го шокираше Реал Мадрид

Иако настапи без дури седум првотимци кои се заразени со коронавирусот, украински Шахтјор од Донецк во Мадрид го шокираше Реал победувајќи го со 3:2 во средбата од Групата Б од Лигата на шампионите.

Гостите водеа со 3:0 веќе на полувремето, Реал во вториот дел постигна два брзи погодока, а во судиското продолжение и трет, но кој беше поништен поради офсајд.

Шахтјор во Мадрид допатува без седум стандардни првотимци кои се заразени со коронавирусот. Украинците беа ослабени за Таисон, Жуниор Мораеш, Микола Матвиенко, Андриј Пјатов, Тарас Степанек и Алан Патрик. На голот шансата ја доби 19-годишниот Трубин, а во одбрабата играа две годни постарите Бондар и Корниенко.

Шахтјор можеше да дојде до водство во 15 минута, кога Марлос изби сам пред Куртоа, но голманот на Реал одлично одбрани. Но во 29 минтуа белгискиот голман не можеше да спречи погодок кога Корниенко одличо мина низ домашната одбрана и му асистиаше на Тете кој од 15 минути погоди за водство на гостите.

Само четири минути Шахтјор го удвои водството. Тете одлично шутираше. Куртоа одбрани а Варан пред Дентињо ја спроведе топката во сопствената мрежа. Неверојатното полувреме на Шахтјор го заокружи Соломон во 42 минута по одличната минута кога играше со Тете, а овој со петица му ја врати топката на 21-годишниот израелски репрезентативец кој беше прецизен за 3:0.

Три гола во првото полувреме на домашен терен во Лигата на шампионите, Реал Мадрид последен пат прими пред 20 години против Баерн Минхен.

Реал намали во 54 минута со одличниот удар на Лука Модриќ кој погоди од повеќе од 25 метри. Со овој гол Хрватот се впиша во историјата на „Кралскиот клуб“ како само четвртиот играч во Купот/Лигата на шампионите кој бил стрелец со 35 или повеќе години. Пред него тоа им успеало на великаните Алфредо Ди Стефано, Ференц Пушкаш и Франциско Пако Генто.

Само пет минути по голот на Модриќ, на 2:3 намали Винисиус Жуниор само 15 секунди откако влезе во игра. Само што истрча на игралиштето, тој им ја украде топката на Украинците и се спушти кон противничкиот гол и реализираше.

До крајот на мечот Реал бркаше израмнување, но не успеа. Во втората минута од судиското продолжение Федерико Валверде постигна погодок, но тој беше дополнително беше поништен поради недозволена позиција.

Во вториот меч од оваа група играат Интер и Борусија Менхенгладбах.

Во првиот меч од Групата А, РБ Салцбург и московски Локомотив одиграа 2:2.

Гостите поведоа во 19 минута кога Антон Миранчук нафрли од корнер, Рифат Замалетдинов со глава префрли до Едер кој ја погоди домашната мрежа. Израмни Доминик Собослаи во последните моменти од првото полувреме, со фантастичен удар откосо од работ на казнениот простор во десниот горен агол. Салцбург поведе во 50 минута преку Злато Јунузовиќ. Но 15 минути пред крајот гостите израмнија со голот на Виталиј Лисакович.

Во оваа група се среќаваат уште Баерни Минхен и Атлетико Мадрид.