Десетмина уапсени за убиството на малтешката новинарка

Малтешката полиција уапсила десетина осомничени за случајот на убиството на Дафне Каруана Галиција, откри во понеделникот премиерот на оваа островска земја членка на Европската унија, Џозеф Мускат, речиси два месеца по експлозијата во којашто загина оваа новинарка којашто пишуваше против корупцијата.

Сите осомничени се Малтежани и имаат криминално досие, додаде премиерот Џозеф Мускат, без да открие повеќе поединости. Полицијата сега има 48 часа да ги испита, да ги изведе пред суд или да ги ослободи.

Дафне Каруана Галиција е убиена во експлозија на нејзниот автомобил на 16-ти октомври додека заминувала од својот дом на северот од Малта.

Оваа 53-годишна новинарка пишуваше популарен блог на кој предупредуваше на случаи на корупција на политичарите од сите партии. Галиција ги спедеше наводите од ткн Памански документи (Panama Papers), кои беа објавени во 2015 година и коишто покажаа како богатите и политичките личности ја прикриваат својата имотна состојба. Обвинуваше истакнати личности во владата и во опозицијата на Малта за корупција и перење пари.

Сите споменати ги негираа ваквите обвинувања, а против Галициа за девет месеци пред нејзината смрт беа поднесени 36 тужби за клевета.

Нејзиното убисво ја шокираше Малта и ја загрижи Европската унија за владеењето на правото во оваа држава. Групата на европски парламентарци во петокот ја доврши својата истрага на Малта и заклучи дека таму постои „перцепција за некзанивост“.