Десeтта последователна победа на Хјустон, Чикаго до само третата сезонава

Кошаркарите на Хјустон Рокитс ја постигнаа десеттата последователна победа оваа сезона во НБА лигата, солвадувајќи ги на својот паркет Њу Ореланс Пеликанс 130:123.

Клинт Капела постигна 28 кошови, а Џејмс Харден 12 поени со ред за Хјустон во последната четвртина по што три минути пред крајот беше изедначен. Харден прво погоди две слободни фрлања, а потоа уште пет погодоци со кои ги доведе Хјустон во водство од 124:119 на минута и пол до крајот Џру Холидеј тогаш погоди кош за Пеликанс, но Харден постигна „тројка“ и го зголеми водството на 127:121.

Харден натпреварот го заврши со 2 кошови, на кои додаде и 17 асистенции. Кај Пеликанс најдобар беше Холидеј со 37 поени, а Мур додаде 36 кошови.

Келј Томпсон на домашен терен славеа со 111:104 над Портланд Трејл Блејзерс, а до победата ги водеше Кевин Дјурант со 28 погодоци 9 скокови, 5 асистенции и 3 блокади. Клеј Томпсон даде 24 поени за Голден Стејт кои уште играат без повредениот Стеф Кари. Најдобар стрелец на мечот, и во редовите на Портланд, беше Демиен Лилард кој постигна 39 поени, од кои 5 „тројки“.

Мајами Хитс на гости со 107:82 ги победи мемфис Гризлис. Словенецот Горан Драгич постигна 19 кошови, и пак беше најдобар. Освен него, уште шест играчи на Мајами постигнаа двоцифрен број поени, Џоел Ричардсон додаде 17, а Тајлер Џонсон и Бам Адебајо по 14 кошови. Марк Гасол беше најефикасниот во редовите на Мемфис, за кои ова е 15-от пораз во 16 мечеви, исто така, со 19 кошови.

Чикаго Булс ноќта кон вторникот успеаја да ја победат водечката екипа во Источната конференција – Бостон Селтикс, кои играа без Кјири Ирвинг, со 108:85. Булс имаа предност од 18 поени во втората четвртина, а кога Селтикс се приближија на 12 во последната, Булс едноставно се одлепија за својата трета победа по ред, откако претходно го имаа несалвниот историски рекорд од само една победа.
За победата на Чикаго, Никола Миротиќ постигна 24 поени, а Боби Портис додаде 23 поени. Ал Харфорд ги предводеше Селтикс со 15 поени, а Џејлен Браун, Маркус Смарт и Тери Росиер постигнаа по 13 кошови.

Пораз доживеаја и Оклахома Сити Тандерс, од кои подобри со 116:103 беа Шарлот Хорнетс. Мечот беше изедначен 66:66 во третата третина, но тогаш Шарлот се одвои а Оклахома не можеше да фати приклучок до крајот.

Двајт Хауард за победата на својата екипа постигна 23 кошови, а Кемба Вокер 19. На Тандерс не можеше да им помогне ниту Расел Вестрбрук кој постигна 30 поени и запиша 7 асистенции.

Лос Анџелес Клиперс ја прекинаа победничката серија на Торонто Рептрос од шест натпреваи, совладувајќи ги дома со 96:91. Деандре Џордан постигна 14 кошови со 17 скокови за Клиперс, а Харел и Лоу Вилијамс постигнаа по 17 поени, Јонас Вилансиунас беше најдобар стрелец кај Рапторс со 23 погодоци на коишто им додаде 15 скокови, а Серж Ибака додаде 17 поени.