Десетте најдобри филмови во 2019, според IMDb

IMDb ја објави листата на најдобри филмови за 2019 година, а според мислењето на филмските обожаватели, „Joker“ се наоѓа на првото место.

Со заработка од милијарда долари неверојатниот „Joker“ се најде на врвот на листата со што стана 44. филм кој оствари заработка од девет цифри.

На втората позиција е „Once Upon A Time In Hollywood“ во режија на Квентин Тарантино.

„Endgame“ е на третата позиција, додека по него следува „Captain Marvel“. Бри Ларсон се појавува во двата претходно споменати филмови и тоа е голем успех за неа.

На петтата позиција е „IT: Chapter 2“, додека на шестото место е „Lion King“. Седмото место му припаѓа на „Spiderman: Far From Home“.

На последните три места се „Alita: Battle Angel“, „Aladdin“ и „US“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.