Десетте најбогати луѓе на светот „тежат само“ 462,2 милијарди долари

На овогодинешната листа на најбогати луѓе на „Форбс“ се најдоа вкупно 1.645 мажи и жени од целиот свет, чие вкупно богатство е утврдено на над 462 милијарди долари.

На прво место на оваа престижна листа повторно е косопственикот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс. Тој повторно се најде на врвот на оваа листа откако во последните неколку години дел од своето богатство го делел на различни организации кои се борат против гладот и сиромаштијата ширум светот.

Зад него е Мексиканецот Карлос Слим, кој се занимава буквално со се’ и сешто, од телекомуникации до трговија со недвижнини.

Зад нив двајца се најде Шпанецот Армандо Ортега кој се збогати благодарение на модната индустрија. Тој е сопственик на популарните „Зара“, „Пул и беар“ и „Бершка“.

Еве ја и листата на десетте најбогати луѓе на светот:

1. Бил Гејтс, соосновач на „Мајкрософт“ со вкупно богатство од 76 милијарди долари
2. Карлос Слим, сопственик на повеќе бизниси од областа на телекомуникациите, финансиите и пазарот на недвижнини со богатство од 72 милијарди долари
3. Армансио Ортега, сопственик на „Зара“, „Пул и Беар“ и „Бершка“ со богатство „тешко“ 64 милијарди долари
4. Ворен Бафет, гуру за инвестиции со богатство од 52,8 милијарди долари
5. Лери Елисон, основач и извршен директор на „Оракл“, со вредност од 48 милијарди долари
6. Чарлс Кох, американски индустријалец, кој со својот брат Дејвид Кох поседуваат 40 милијарди долари
7. Дејвид Кох
8. Шелдон Аделсон, крал на казина во Лас Вегас, со богатство од 38 милијарди долари
9. Кристи Валтон, наследничка на „Волмарт“ со богатство од 36,7 милијарди долари
10. Џим Валтон, исто така наследник на „Волмарт“ кој „тежи“ 34,7 милијарди долари.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.