Десетте најчести машки сексуални фантазии

Сексуалната терапевтка д-р Ангела Брокман во истражување за Sunday World ги откри десетте најчести сексуални фантазии кај мажите.

1.Орален секс

Оваа фантазија има различни верзии во главата на мажите, а меѓу нив е и позата 69. Многу мажи се премногу срамежливи за да побараат орално задоволување од партнерките, а советот на докторката е жените да ја преземат акцијата во свои раце.

2.Секс во тројка

Кога размислуваат за групен секс, мажите најчесто фантазираат за тројка во која има две жени.

3.Неверство

Кога маж фантазира за секс со друга жена тоа најчесто укажува дека нешто не е во ред со неговиот сексуален живот. Тоа може да укажува и на опсесија со некоја друга жена која му е недостапна и на која оддалеку ѝ се восхитува. Во вакви моменти потребно е да му се даде до знаење на партнерот дека е супер во кревет, односно да се крене неговата сексуална самодоверба.

4.Триење на пенисот меѓу гради

На мажите оваа фантазија им е една од омилените, а повеќето од нив често мечтаат дека токму партнерката ја презема акцијата во свои раце, поточно меѓу нејзините гради.

5.Секс во текот на возење

Орален секс додека вози автомобил или акција на задните седишта може да резултира во див и страстен секс некаде по пат.

6.Секс на плажа на тропски остров

Освежителни пијалаци, флертување со егзотична убавица и секс на пуста плажа, и ова е една од најчестите машки сексуални фантазии.

7.Воајер

Мажите тајно фантазираат како гледаат жена која ја соблекува својата облека, а потоа си ги допира градите, додека едната рака оди надолу кон центарот меѓу нозете. И цело време жената е несвесна за присуството на мажот, кој ја набљудува.

Всушност, почеста е фантазијата да ја гледа сопругата или девојката како води љубов со некој друг.

8. Секс со непозната жена

Во оваа фантазија најчесто учествува непозната жена на која налетува во паб или кафеана, којанајчесто го заведува и со која има див секс. Според докторката, мажите најчесто ја остваруваат оваа фантазија.

9. Сакаат да ја гледаат партнерката додека мастурбира

Мажите фантазираат за женска мастурбација, всушност тие обожуваат да ги гледаат и слушаат партнерките додека се допираат и самозадоволуваат.

10. Да бидат потчинети на доминантна жена

Фантазираат дека се робови на жена која ќе ги искористува за секс. Според докторката Брокман, ако забележите дека партнерот сака да биде во улога на потчинет не е лошо некогаш да му ја исполните оваа фантазија. Се разбира, има и мажи на кои воопшто не им се допаѓа кога партнерката е груба, така што бидете нежни со нив.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.