Десетте правила за убавина на Адријана Лима

Таа е модел, мајка и муза на Марк Џејкобс… Бразилската убавица Адријана Лима годинава слави 15 години доминација меѓу ангелите на Викторија Сикрет.

Таа е една од најпосакуваните и најубавите жени во светот. Неа ја следат повеќе од 5, 6 милиони следбеници на Инстаграм и 6 милиони на Фејсбук, а таа сопствениот живот го крои според потребите на ќерките Валентина (6) и Сиена (3) затоа што е свесна дека ќерките се угледуваат на неа и на нејзините дела.

Адријана ја краси природната убавина што доаѓа до израз токму кога манекенката нема воопшто шминка на себе. Но кои се нејзините правила за убавина?

Држете се до стилот што ви одговара и оди заедно со вашиот сензибилитет и карактер

По толку долгиот стаж во манекенството и работата за модната индустрија, открив што ми лежи од шминка, како и што би требало да избегнувам. На пример, за мене воопшто не е егзотичната шминка, полна со бои и ефекти. Најубаво ми стои класична шминка што подразбира црвен кармин, нагласени трепки, туш за очи и многу малку пудра.

Адријана Лима со црвен кармин
Адријана Лима со црвен кармин, фото: Инстаграм

Црвениот кармин е вашиот сигурен спас

Навечер преферирам зачадени очи и балзам во бојата на кожата или целосен контраст што вклучува црвен кармин, туш за очи и многу маскара.

Вежбањето треба да ви биде терапија

Тренирам бокс веќе 10 години, па слободно можам да кажам дека овој вид тренинг стана мое секојдневие. Имам тренери во Њујорк и Мајами, во зависност од тоа во кој град се наоѓам, но со нив работам секој ден по неколку минути. Боксот ме релаксира и има крајно терапевтско дејство не само врз моето тело, туку и врз умот.

Секојдневната нега е задолжителна!

Мојата коса практично е долга и дива, па често ја стилизирам во опавче или во благи кадрици. Веќе со години одам кај фризер во Мајами што се грижи за мојата коса да изгледа здраво, негувано и природно. Негата вклучува аграново масло што ја прави мојата коса нежна, сјајна и здрава.

Повеќе тајни за убавина од Адријана Лима на следната страна…

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.