Дескоска: Во Идризово значително подобрени услови за затворениците!

219

„Македонија долго време е критикувана во меѓународните и домашните извештаи за несоодветните услови во затворите и со тоа за нехуман третман на лицата кои се на издржување на најтешката казна во македонското законодавство – казната затвор. Новата Влада на Македонија со посетата на премиерот Заев на овој затвор ги отвори вратите на Идризово за јавноста, која преку новинарите можеа од блиску да ги видат условите во оваа институција. Денеска повторно ги отвараме вратите на новоизградениот дел на Казнено поправниот дом Идризово во кој можете да видите поинаква слика, слика која ветува значително подобрени услови за сместување на лицата кои издржуваат казна затвор“. Ова денеска го изјави министерката за правда, Рената Дескоска и посочи дека „во Идризово се сместени повеќе од 3/5 од затворениците во целата земја“.

Дескоска рече дека пренатрупаноста на затворот е клучен проблем бидејќи се забележани ситуации во кои во оваа институција биле сместувани и повеќе од двојно поголем број на лица од предвидените капацитети.

Изградени се објекти во Отворено одделение за сместување на 294 осудени лица на површина од 3.800 м2. Изграден е објект  во Полуотворено одделение за сместување на 252 осудени лица на површина од 4.000 м2. Ќелиите се за сместување на четири осудени лица, со бања, предвидени се заеднички простории за престој, работилници, фитнес сали, ќелии за лица со посебни потреби, шеталишта и игралишта. Изградена е Пречистителна станица за отпадни води. Извршена е реконструкција на постоен објект кој се адаптираше во Тренинг центар за одржување на обуки и проверка на знаењата на вработените. Реконструирана е административната зграда. Набавена е современа опрема за негово функционирање, односно набавена е информатичка опрема, опрема за симултан превод, кујна и мебел за сите простории во објектот, рече министерката Дескоска.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.