Дескоска: Заедно со претседателските треба да се одржат и предвремени парламентарни избори

Министерката за правда, Рената Дескоска, смета дека заедно со претседателските треба да се одржат и предвремени парламентарни избори. Таа е прв владин функционер што отворено се залага за ваква опција по барањето што го упати ВМРО-ДПМНЕ.

Јас искрено мислам дека треба да има, но тоа е прашање на крај на политичка одлука и анализа во рамките на органите, но јас ќе ја застапувам страната дека треба да се оди на парламентарни избори, заради тоа што одредени политики коишто реално ги промовиравме во изминатиот период и одредени прашања којшто ќе треба да ги решаваме, би било добро да бидеме со, на некој начин, почисти позиции во рамки на парламентот – рече Дескоска во емисијата „360 Степени“ на Алсат.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.