Десната „Лега“ и левата „Пет ѕвезди“ договорија нова влада во Италија?

Движењето „Пет ѕвезди“ и десничарската партија „Лега“ се на прагот на коалициониот договор со кој Италија ќе добие изразито евроскептична влада. Останато е само да се прецизира името на мандатарот и за тоа да се извести претседателот Серџо Матарело.

Според медиумите, двете партии, кои излегоа како најсилни по изборите во почетокот на март,  ја договориле политиката на идната коалиција во дваесет клучни полиња. Всушност, тие планирале уште вчера да се појават пред Матарело со името на мандатарот, но тука наводно запнала работата.

Ние ја пишуваме историјата, а за тоа, се разбира, потребно е време, рече Луиџи ди Мајо, лидер на „Пет ѕвезди“.

Се шпекулира дека ниту тој, ниту лидерот на„Лега“, Матео Салвини нема да ја остваруваат функцијата премиер, односно ќе мора да најдат „неутрално“ лице, кое ќе биде прифатливо за двете страни.

На изборите на 4 март, „Пет ѕвезди“ освои 32 отсто од гласовите, а „Лега“ 17 проценти. Приближувањето на двете политички групи стана можно откако „Форца Италија“, партијата на поранешниот премиер и медиумски магнат Силвио Берлускони го напушти сојузот со „Лега“ направен пред изборите, пишува Дојче Веле.

Левичарската „Пет ѕвезди“, која во 2009 година како протестно движење го покрена кабаретистот Бепе Грило, во моментов е најсилната политичка партија во Италија на федерално ниво и имаат градоначалници во Рим и во Торино. Со десничарската „Лега“ одлично се разбираат кога е неопходно да се спротистават на „диктатот од Брисел”.

Матео Салвини најави „нови преговори за европските договори“.

Во спротивно, Италија ќе биде задушена и ми се чини дека за оваа работа сме на истата страна”, рече левичарскиот лидер Салвини.

Тој особено се грижи за промените во Договорот од Даблин, според кој, мигрантите кои бараат азил мора да го сторат тоа во земјата на ЕУ во која прв пат влегле. Во многу случаи тоа е Италија, првата станица за бегалците кои пристигнуваат преку Среддоземното Море, најчесто од Либија и Тунис. Италијанскиот остров Лампедуза се наоѓа на само 140 километри од копното на Африка.

Преговорите на двете партии се комплицирани на друго место. „Лега“, која до неодамна се претставуваше како „Лега Норд“, е основана на богатиот север на Италија, а своевремено имаше и сепаратистички амбиции. Во постојаните тензии меѓу богатиот италијански север и сиромашен југ, „Лега“ ветува намалување на даноците, а „Пет ѕвезди“, која е посилно на југот- ветува дарежливи социјални бенефиции.

Како што пишуваат медиумите, токму во случајот со миграциите и државната потрошувачка се уште постојат несогласувања во преговорите меѓу двете страни. Италија според растот заостанува зад остатокот од еврозоната, а со државниот долг од 130 проценти од БДП важи за земја на која е итно потребна санација поправки.

Коалицијата на десничарите и „левите популисти“ би била уникатен експеримент, и не само во Италија, коментира „Франкфуртер алгемајне цајтунг “.

„Тоа би бил експеримент во кој и двете формации- кои досега не мораа да прават ништо повеќе од собирање поени на сметка од незадоволството на гласачите, треба да покажат дека се способни да учат, и според тоа, значи, да владеат. Бидејќи секаде каде партии или движења на овој профил се владеат ли владееле, резултатите се тенки -се разбиваат илузиите“

Малку е веројатно дека преговорите ќе пропаднат на последната пречка, изборот на мандаторот и поделбата на функциите. Ако тоа се случи, особено задоволен ќе биде Силвио Берлускони. На овој 81-годишник, пред пет години поради даночна измама му е забрането да врши политичка функција и да се кандидира на избори, но викендов судот во Милано одлучи дека поради „добро однесување“ казната му е намалена, па Берлускони повторно може да се кандидира.