Десницата може да ја преземе власта во Шпанија

Партиите од десницата Народната партија (Partido Popular – PP) од десниот центар, центристичката Граѓани (Ciudadanos) и национално-конзервативната партија Глас (Vox), би можеле да ја преземат власта од социјалистите во Шпанија на предвремените парламентарни избори закажани за 28-ми април, покажува најновата анкета објавена во неделата во тиражниот дневен весник El Mundo.

Во шпанскиот парламент во јуни минатата 2018 година беше изгласана недоверба на малцинската конзервативна влада на премиерот Маријано Рахој, чијашто Народна партија претходно беше осудена за корупција, па по седум години власта повторно ја преземаат социјалистите коишто со конзервативците последните 40-ина години од воведувањето на демократијата во Шпанија постојано се менуваат на власт, а нов премиер стана нивниот лидер Педро Санчез.

Шпанската социјалистичка работничка партија (PSOE), којашто последните изборни циклуси бележеше постојано надолен тренд изминатите месеци управуваше со земјата со само 84 пратеници во парламентот со 350 мандати, зависејќи од поддршката на помалите партии од левицата и регионалните партии на Каталонија и Баскија кои главно се залагаат за незевисност на нивните покраини. На средината од феруари Санчез распиша предвремени избори отккао парламетот го одби предложениот буџет на неговата малцинска социјалистичка влада за 2019 година.

Четири дена по распишувањето на предвремените парламентарни избори, односно од 19-ти до 22-ри фервруари, институтот за испитување на јавното мнение Sigma Dos, ја спровела анкетата на примерок од 1.200 полнолетни лица во којашто споменатите три партии кои инклинираат кон десниот дел од политичкиот спектар може да освојат меѓу 169 и 179 пратеници во парламентот, во кој за натполовично мнозинство се потребни 176 од 350-те мандати.

Буџетот беше одбиен откако на Санчез, очекувано, грбот му го свртеа каталонските партии кои беа незадоволни со дијалогот за самоопределување на Каталонија. Гласањето за буџетот дојде само ден по започнувањето на судскиот процес против притворените каталонски политичари обвинети за бунт против шпанската држава и за што им се закануваат долги затворски казни. Дел од социјалистите на Санчез, исто така, се побунија против премиерот, стравувајќи дека на регионалните и локалните избори во мај може да ги загубат позициите поради одлуката во однос на Каталонија која ја оценија како попуствлива. Шпанската опозициска десница, пак, организираше во масовни протести во Мадрид обвинувајќи го Санчез за предавство на земјата. Сметаат дека со тоа го израмнил статусот на Шпанија и на Каталонија.

Сепак, според анкетата на Sigma Dos, на изборите кон крајот на април најмногу гласови би можела да добие PSOE, меѓу 110 и 114 мандати, но тоа е далеку од потребните 176 пратеници за формирање влада. Втора партија според добиените гласови, би била Народната партија со 71 до 75 пратеници, додека Граѓани би можеле да освојат мешу 54 и 58 мандати. Партијата Глас, формирана во 2013 година од незадоволните членови на Народната партија, која бележи брз раст на поддршката пордио противењето на имиграцијата и обидот за отцепување на Каталонија, може да освои од 44 до 46 пратеници.

Доколку овие три партии постигна договор, би можеле да дојдат на власт. Тоа веќе го сторија во јануари по превремените избори во Андалуија, најнаселената покраина на југот од Шпанија, каде што PSOE остана без власт по речиси четири децении. Глас тогаш го надмина сите предвидувања и прогнози од анкетите, и освои 12 од 109 пратенички места во тамошниот парламент во Севилја.

За разлика од другите земји во Европската унија, во Шпанија партиите кои би можеле да се означат како крајна десница немаа претставници во парламентот. Во Шпанија демократијата беше воведена по смртта на диктаторот Франциско Франко кој почина во номеври 1975 година. На последните избори во 2014 година беше нарушен 40 години долгиот двопартизам во текот на кој на власта се менуваа партијата од десниот центар Народна партија (Partido Popular), и партијата од левиот центар Шпанската социјалистичка работничка партија (PSOE). Двете нови партии, Можеме (Podemos) и Граѓани (Ciudadanos), успеаја да ја канализираат огорченоста од традиционалните политички партии, како и незадоволството од високата невработеност и корупциските скандали. Тоа ги принуди конзервативците и социјалистите на создавање сојузи ои коалиции со помалите нови партии.

PSOE би можела да освои најмногу гласови, што последните денови го покажуваат и други анкети, но нивната можност за коалицирање е многу стеснета. Имено, левата коалиција Unidos Podemos, составенна од Можеме и Обединетата левција, ја губи поддршката од избирачите и според анкетата на Sigma Dos може да освои меѓу 37 и 39 пратеници. Токму овие две партии досега даваа најмногу поддршка за социјалистите. Во најдобар случај, овие треи партии заедно би имале 153 пратеници, значително помалку од потребните 176.

Каталонските партии, коишто инсистираат на организирање договорен и меѓусебно приофатен референдум за независност, својата поддршка за PSOE ја условуваат со одржување на овој референдум, но Санчез е принуден да ја одбие. Партиите од десницата, пак, жестоко се противат на барањето на регионалната влада на Каталонија, и оттаму сосема е исклучено ваква коалицирање.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.