Блокот на шведските десни партии е во водство по мнозинството преброени гласови од изборите во неделата, а резултатите укажуваат на веројатно нова влада по осумте години владеење на социјалдемократите.
Иако излезните анкети укажуваа на тесно водство на левоцентристичката коалиција, блокот на Умерената партија, Шведски демократи, Демохристијаните и Либералите, посред резултатите објавени рано утрото во понеделникот, освојуваат 175 места во парламентот со вкупно 349 пратенички места во однос на 174 мандати за левиот центар.
„Избирачките места се затворени, но вечерва нема да го имаме конечниот резултат“, изјави социјалдемократската премиерка Магдалена Андерсон во говорот пред сопартијците ноќта кон неделата.
Меѓутоа, челникот на притивдоселеничката партија Шведски демократи, Џими Акесон, обраќајќи им се рано утрото во понеделникот на своите сопартијци истакна дека „моментално се чини дека ќе се случи смена на власта“.
„Сега, првпат, имаме вистинска шанса, стварна можност да … активно учество во новата влада којашто ќе ја води политиката во целосно нова насока“, изјави генералниот секретар на Шведските демократи Ричард Јомсоф за јавната телевизија SVT.
Имајќи предвид дека гласовите од странство и оние пристигнати преку пошта допрва треба да бидат преброени, а разликата меѓу двата блока е многу мала, и резултатот би можел уште да се промени и може нема да биде јасен до средината на седмицата.
Според излезната анкета којашто ја спровела јавната телевизија SVT, блокот на левиот центар добива 49,8 отсто од гласовите, а опозициските десничарски парти 49,2 отсто. Анкетата на телевизијата TV4, исто така, покажуваше тесно водство на левиот центар.
Со континуираното зголемување на бројот на престрелките меѓу ривалските гангстерски банди што ги вознемирува гласачите, партиите во кампањата се пресметуваа со ветувањата дека силно ќе се борат против криминалот, додека растечката инфлација и енергетската криза сѐ повеќе станува централна политичка тема.
На прашањето на безбедноста би можела да профитира десницата, но економските проблеми и вртоглаво високите цени на енергијата би можело да ѝ дадат поткрепа на премиерката Андерсон.
Андерсон повеќе години беше министерка за финансии а пред една година стана премиерка на Шведска. Нејзиниот главен противкандидат е лидерот на конзервативна Умерена партија, Уфе Кристерсон, кој се гледа себеси како единствениот кој може да ја обедини десницата и да ја собори Андерсон од власт. Кристенсон со години ги јакнеше односите со Шведските демократи, крајно десната противмигрантска партија која порано ја избегнуваа сите партии, но сега сѐ повеќе станува дел од главната струја во десницата.
Кристорсен во понеделникот утрото изјави дека сѐ уште не е познато како ќе завршат изборите, како и дека резултатот нема да биде познат најверојатно до среда.