Десниот центар ја задржа контролата врз францускиот Сенат

Француската централнодесничарска партија Републиканци го задржа мнозинството во Сенатот по дополнителните избори во неделата на кои екстремно десничарската партија на Марин Лепен освои тројца сенатори.

„Оваа сенаторска обнова го зајакнува сенаторското мнозинство на десницата и центарот и е сведоштво за нејзините територијални корени“, рече Жерар Ларшер, челникот на Републиканци и претседател на Сенатот.

Францускиот Сенат го избираат градоначалниците, како и регионалните, департмнеските и општинските советници. На овие избори беа избрани половина од 348-те сенаторски места.

Крајно десната партија Национален собир на Марин Лепен се очекуваше да направи уште еден пробив во Сенатот, меѓутоа трите сенаторски места на партијата ги надминаа очекувањата и на најголемите оптимисти. Се преоценува дека изборот на крајнодесничарски сенатори е главно одложен одраз на силните резултати на Националниот собир на претходните локални избори.

Единствениот висок функционер на француската влада којшто учествуваше на изборите, државната секретарка за државјанство Соња Бакес, беше поразена во Нова Каледонија.

Сенатот има помало влијание врз законодавството отколку Националното собрание, долниот дом на францускиот парламент. Во случај на несогласување околу законот, последниот збор го има Народното собрание.

Партијата Преродба на францускиот претседател Емануел Макрон останува најголемата партија во Долниот дом, но го загуби апсолутното мнозинство во јуни минатата година, давајќи им на сенаторите поголема тежина секогаш кога е потребен компромис со Горниот дом за усвојување на законодавството.

Локалната власт во Франција главно е контролирана од традиционално доминантните политички партии како што се Републиканци и Социјалистичката партија.