Десните суверенисти се најголемата политчка сила по изборите во Холандија

Десната суверенистичка партија Форум за демократија *FVD) стана најголемата политичка сила по регионалните избори во Холандија, на кои се гласаше и за новиот состав на горниот дом на парламентот.

Според проекцијата базирана на излезните анкети од четврокот претпладнето го објави холандската телевизија NOS, коалицијата на премиерот Марк Руте го загуби мнозинството во Сенатот, горниот дом од холандскиот парламент кој ги разгледува мерките донесен во помоќниот долен дом.

Партијата FDV, којашт првпат учестува на избори, добила 16 отсто од гласовите. Според холандските медиуми, со тоа ќе добие 12 од вкупно 75 места во Сенатот, исто колку и либералната Народна партија за слобода и демократија (VVD) на премиерот Руте. Губење на мандатите забележа и партијата од крајната десница Слободарската партија (PVV) на Геерт Вилдерс, покажува проекцијата која се баира на 93 отсто од преброените гласови. Зелените, пак, најверојатно ќе освојат речиси двојно повеќе мандати од сега, вкупно девет.

Холанѓаните, исто така, ги избираа и своите регионални парламенти, а и на овие избор FVD забележа добар резултат.

Изборите се одржаа два дена по убиствениот напад во трамвај во Утрехт за кошто е обвинет холандски државјанин роден во Турција, кога беа убиени три лица, а ранети уште пет. Челниците на двете десни национални партии, FVD и PVV, ја обвинија коалицијата за нападот и директно го поврзаа со имиграцијата.