Деспотовски вечерва потврди дека Македонија нема стратегија за привлекување на странски инвестиции, вели Митева

Јован Деспотовски отишол на интервју за да каже што мисли, наместо да каже што знае. Ама очигледно, ништо не знае… Деспотовски вечерва потврди дека Македонија нема стратегија за привлекување на странски инвестиции, посочува Марија Митева,портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Нејзиниот Фејсбук статус го пренесуваме во продолжение:

“Не ни требаат ветувања на лист хартија, ни требаат резултати” – факт е дека ниту има стратегија, ниту има резултати!

Втор факт е дека растот на платите во зоните не е резултат на државни мерки туку на економски движења на пазарот на трудот на пошироко ниво, недостатокот на работна сила, вклучувајќи ја инфлацијата, зголемените трошоци за живот, продуктивноста на работната сила итн, додека бројот на вработени расте од компаниите кои веќе подолго време работат во Македонија.

Трет факт, во однос на оправданоста на државната помош = согласно Законот за финансиска поддршка на инвестиции, во моментов се дава многу повеќе пари отколку претходно (над 30% од вредност на инвестицијата како CAPEX грант, плус за креирање на работни места). Остатокот до 50% се даночни ослободувања. Да потсетиме, претходно, тој % беше не повеќе од 15% од вредноста на инвестицијата, а остатокот (до 50%) беа даночни ослободувања – каде практично државата немаше трошок бидејќи се откажуваше од нешто што воопшто не би го имала доколку ја немало инвестицијата. Истово ова е забележено и во извештајот на ДЗР каде исплатената кеш компонента во 2021 е скоро дупло повисока од износот во 2017.

Понатаму, факт е дека договорите не се јавно објавени – Деспотовски треба да знае дека има огромна разлика од тоа да ги соопштиш условите, од објавување на договорите!!! Согласно неговите тврдења, во Македонија за помалку од две години има договори за нови инвестиции од над 620милиони евра и тоа над 70% биле нови компании кои за прв пат инвестирале во Македонија – уште еднаш го повикуваме јавно да ги објави и барем за една од тие да каже како тој лично ја привлекол инвестицијата и кои методи и знаења ги употребил.

Петто, на прашањето ќе го имаме ли првиот електричен автомобил и кога (мислејќи тука на инвестицијата eGo во Тетово) Деспотовски вели: мислам дека ќе го имаме до крајот на 2024 … најверојатно мисли дека фабрикава нема да се гради, од Марс ќе слета и ќе почне веднаш да произведува…

И за крај, сепак мора да потврдиме уште еднаш дека најголемото достигнување на Јован Деспотовски е воведувањето на excel табела – значи не закон, подзаконски акти, нов бренд на инвеститор, туку EXCEL табела! – што не би требало да биде теза за јавно фалење, нели?