Детаљ кој го загрижи целиот свет: Дали ова беше знак дека кралицата е во лоша состојба? (ФОТО)

Веста за лошата здравствена состојба на кралицата Елизабета (96) ги загрижи сите Британци, но и граѓани на целиот свет. Дека не и е добро веќе неколку дена се шпекулира, а на многумина им паднаа во очи фотографиите од средбата со новата премиерка Лиз Трс, на кои се забележува дека нешто се случува со рацете на кралицата.

На социјалните мрежи се водеше полемика дали на кралицата и се испукани рацете поради примањето на инфузијата. Сигнал дека тоа е лошо беше фактот што за прв пат во историјата не го пречека новиот премиер во Бакингемската палата, но поради лошата здравствена состојба тоа го направи во замокот Балморал во Шкотска, во кој што отиде на летен одмор.

Причината за преседанот беше тој ден да се спречи „било каква алтернатива во последен момент во случај кралицата да има проблеми со патувањето“.

Потсетуваме дека во претходните месеци кралицата имаше проблеми со движењето, поради што го откажа присуството на неколку важни настани.

Бакингемската палата денеска соопшти дека нејзината состојба дополнително се влошила и дека поради тоа е под постојан лекарски надзор.

„По прегледот утринава, лекарите на кралицата препорачаа таа да остане под медицински надзор“, се вели во соопштението.

Нејзиното потесно семејство е информирано, а соопштението доаѓа откако кралицата, за прв пат во историјата, ја назначи новата британска премиерка Лиз Трус, во замок во Шкотска, наместо во кралска палата во Лондон, поради нарушено здравје.

Принцот од Велс и војвотката од Корнвол отпатуваа во Балморал, рече Кларенс Хаус. Таму патува и војводата од Кембриџ, јави Би-Би-Си.

Новата британска премиерка Лиз Трас рече дека „целата земја е длабоко загрижена“.

„Моите мисли – и мислите на луѓето низ нашето Обединето Кралство – се со нејзиното височество Кралицата и нејзиното семејство во овој момент“, додаде премиерката.