Детали од СВР Велес за тешка сообраќајка: Се судриле товарно возило и комбе, повредени се 16 лица

Од Секторот за внатрешни работи Велес соопштија детали за сообраќајната несреќа што се случила денеска на регионалниот пат Велес-село Извор, во која биле повредени 16 лица, од кои две се пренесени на лекување во Клиничкиот центар во Скопје.

Како што информираат од СВР Велес, денеска во 14:50 часот било пријавено дека на регионалниот пат Велес – село Извор во близина на крстосница за село Војница се случила сообраќајна несреќа во која учествувале товарно возило Ивеко со скопски регистарски ознаки управувано од 57-годишнот Б.Н. од Скопје и комби Фолксфаген со велешки регистарски таблици управувано од 65-годишен О.Ј. од село Побожје, општина Чучер Сандево.

Како што појасни портпаролот на СВР Велес Билјана Ѓаковска, во несреќата со повреди се здобиле возачот на комбито и 13 патници, како и возачот на товарното возило и сопатникот во товарното возило, на кои им била укажана лекарска помош во Општата болница во Велес.

По овластување на јавен обвинител увид извршила увидна екипа од СВР Велес.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.