Детали за полициската акција во кумановско и скопско, објави МВР. Како што се посочува во соопштението, МВР трага по три лица инволвирани во терористичката група во Диво насеље.
Министерството за внатрешни работи утринава постапувајќи врз основа на наредба Судија на претходна постапка изврши претреси на дом и други просториии на три локации и тоа во Куманово, во село Отља и во село Арачиново, кај лица осомничени за извршувањена кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.
Како што посочуваат од МВР, станува збор за три лица на возраст од 35-41 година од кои едно од село Брест едно лице од село Отља како и едно лице од Куманово за кои лица во текот на истрагата се обезбедени докази за нивна инволвираност во пружање логистичка поддршка на криминално терористичката група од Диво Насеље.
За време на извршените претреси лицата не се обезбедени и по нив сеуште се трага, а при претрес во домот во село Отља пронајдени и одземени се четири мобилни телефони, три сим картички како и држач за сим картичка.
Пронајдените и одземените предмети ќе бидат предадени на надлежен Јавен Обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.