Најмалку едно лице завршило на Ургентен по масовната тепачка што вечерва се случи во центарот на Скопје, пишува Пресс 24.
Како што дознава порталот, тепачката најпрво започнала во Старата чаршија, а потоа продолжила од Камениот мост се до булеварот ВМРО во центарот на Скопје. Се’ уште нема информации дали во тепачката учествувале две поголеми групи луѓе или пак една група нападнала едно лице.
„Очевидци велат дека повредениот има убодна рана од нож, а видливи биле и траги од крв. Тој почнал да бега по булеварот, а една група луѓе го бркала со автомобил. Во тој момент пристигнала полицијата која веднаш интервенирала но групата напаѓачи почнале да бегаат со автомобилот по што следела кратка бркотница по скопските улици. Полициските автомобили возеле со вклучени ротациски светла во спротивната насока“, пишува порталот.
Од МВР и официјално го потврдуваат инцидентот и потврдуваат дека има неколкумина приведени, но не откриваат повеќе детали. Потврдуваат дека едно лице е примено со повреди во Ургентниот центар но се уште нема информации каква е неговата состојба